Универзитето Њукасл, Австралија нуди универзитетски и владини стипендии за истражувачки програми на постдипломски и докторски студии за меѓународни студенти.

 

 

Стипендистите мора да живеат во студентскиот кампус. Дозволено е учење на други места во период пократок од еден семестар ако имаат теренска работа. Со дозвола од Деканот, во одредени услови, може да биде продолжен периодот.

Стипендите се доделуваат за програмите кои ги нуди универзитетот. Стипендиите целосно ги покриваат трошоците за школарина и обезбедени се околу 26 000 австралиски долари на годишно ниво за покривање на трошоците за живеење.

Постипломските студии се во времетраење од 2 години, а докторските студии 3 години.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

 

Краен рок за аплицирање: 16 февруари 2018 година.

Leave a comment