Чалмерс Универзитетот за Технологија доделува 50 стипендии за меѓународни студенти за двегодишни постдипломски студии, финансирани од Шведскиот Совет за Високо Образование.

 

Стипендиите се доделуваат за сите програми кои ги нуди универзитетот.

Стипендиите не се целосни. Во првата година покриваат 75% од школарината, а доколку се постигне одличен успех, за втората година покриени се 85% од школарината.

При аплицирањето, мора да се пополни онлајн апликација за една или неколку од програмите за постдипломски студи на веб страната universityadmissions.se. На секој апликант му се доделува осумцифрен број кој е потребен за да се пополни апликацијата за стипендија.

Краен рок за пријавување е 15 јануари 2018 година.

Наставата почнува во август 2018 година.

Повеќе информации за условите може да најдете на следниот линк. 

Leave a comment