Меѓународниот фестивал на студентите на Харкат е најголем студентски настан во Иран. Фестивалот е организиран од Министерството за наука, исражување и технологија на Иран и е домаќин на различни универзитети од 2008 година. Идејата е да се соберат студенти од различни делови на светот во комбинација од фестивал и изложба.

Фестивалот има за цел да ги охрабри студентските проекти и активности, поттикнувајќи инспирација, како и да биде појдовна точка за меѓународна соработка меѓу студентите. Фестивалот е отворен за студенти од целиот свет и е платформа за состаноци за млади луѓе со различни научни и културни искуства. Тој е место каде што младите луѓе се запознаваат меѓусебно, создаваат нови пријателства и разговараат за разни теми, од различни гледни точки. Учесниците ќе пристигнат во Техеран за пред-фестивалски работилници, а потоа ќе следува посета на Кашан. Оваа година домаќин на фестивалот ќе биде историскиот град Исфахан, културна престолнина на Иран.

Учесниците на фестивалот учествуваат во различни работилници, кои ја истакнуваат соработката и креативноста. Ќе се одржат неколку предавања и тематски состаноци, каде студентите од различни универзитети во Иран ги презентираат своите активности и проекти. Преку работилници, блиска комуникација и соработка, интерактивни предавања и разни отворени активности, студентите ќе можат да стекнат нови знаења и да разменуваат идеи.

Цели:

-       Зголемување на студентските научни активности, поддршка и поттикнување на истите;

-       Да се идентификуваат и ценат значајните постигнувања на студентите и нивните групи;

-       Размена на искуства во научните активности меѓу студентите;

-       Креирање платформа каде студентите лесно можат да соработуваат и комуницираат;

-       Фестивалот се состои од изложба, предавања, тимска работа, пешачки патувања, спортски и културни програми и посети на природни и историски локалитети.

Право на учество имаат млади професионалци и студенти од било која националност, на возраст од 18 до 38 години, способни да комуницираат на англиски јазик, како и да претстават студентска активност или проект што го водат самостојно или заедно со нивниот универзитет или група.

Придобивки:

-       Пристап до предавања од истакнати меѓународни научници и професионалци, истакнати дискусии и симулации;

-        Можност за истражување на иранската култура преку извонредни активности;

-       Можност за комуникација со луѓе од различно национално и културно потекло;

-       Слободно сместување за времетраење на програмата;

-       Полн пансион (појадок, ручек, вечера), со кафе-паузи;

-       Писмо за покана за виза (доколку е потребно);

-       Можност за мрежно поврзување;

-       Подароци и сувенири;

-       Билети за лет;

-       Плаќање за виза.

Краен рок за пријавување: 20.10.2018 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Leave a comment