Мултигенерацискиот маркетинг е најголемиот научен и практичен предизвик и најточниот одговор на прашањето: Колку е важен современиот маркетинг денес и во блиска иднина?

 

Oвој курс претставува нов и надграден стратешки маркетинг кој е центриран на социо - психолошкиот и демографски профил на таргетираната публика. Таргетирањето на публика од различни генерации (Baby Boomers, X, Y и Z) е алармантно најсилен предизвик денес и токму меѓугенерациската разлика е детерминирачки фактор во обликувањето на содржината, дизајнот, изборот на медиуми и целосниот концепт и пристап.

Пред да започнеш комуникациска кампања, проект, идеја, почни од нула и размислувај холистички и насочено, центрирано кон твојата публика. Доколку таргетираш масовна публика од повеќе генерации, моделирај го медиа миксот и адаптирај ја содржината соодветно.

За кого е наменет овој курс?

-        Професионалци, иноватори и претприемачи

-        Вработени во оддел за комуникации, односи со јавност и маркетинг 

-        Сопственици на мали и бизниси.

На овој курс ќе научиш:

1.    За купувачките преференции на различни генерации

2.    Како да таргетираш сегментирано по генерации и во склад со  карактеристиките на припадниците на генерациите

3.    Како да моделираш кампања по содржина (концепт, бои, порака и стил) и  медиуми (медиа микс) при таргетирање на повеќе генерации со иста кампања.

4.    Примена на стратегија за интегрирани маркетинг комуникации со  мултигенерациско адаптирање

5.    Градење на медиа микс според преференциите на генерациите  вклучени во кампањата.

Програма по денови:

Ден 1:

-        Социо – психолошко диференцирање на 4те активни генерации (Baby

-        Boomers, X, Y и Z)

-        Потрошувачки профил и однесување при купување, префериран контент,  склоност кон offline и online медиуми

-        Преглед и анализа на реални случаи – активни и реализирани кампањи

-        Градење на бренд стратегија и медиа микс за секоја генерација одделно

-        Градење на контент и меди микс за комуникациски кампањи насочени кон повеќе генерации

Ден 2:

-        Имплементација на IMC стратегија (Integrated Marketing Communications) со мултигенерациски пристап

-        Работа во групи и презентација на проекти на реален случај

-        Примена на анализа на реални случаи и peer 2 peer еваулација

-        Прогласување на победник

Секој од учесниците ќе се здобие со сертификат во печатена и дигитална форма.

Датуми на одржување: 21.08.2018 - 17:30-19:30 | 23.08.2018 - 17:30-19:30

Времетраење на курсот: 4 часа

Цена на курсот: 2900 ден.

Leave a comment