На овој тренинг за младинските новинари и младинските известувачи ќе можат да се стекнат со соодветни новинарски вештини како и да разменат искуство со учесници од други земји.

Тренинг курс, 1-5 септември 2018 | Виена, Австрија.

Целна група:

-       Учесниците да бидат помеѓу 18 и 30 години;

-       Учесниците да бидат вклучени во организации кои работат на известување во полето на млади;

-       Претставници (координатори) од организации кои работат или сакаат да работат со проекти преку Еразмус+ на тема со младински новинари/истражувачи;

-       да присуствуваат на целото времетраење на тренингот;

-       можат да комуницираат на англиски јазик;

Цели на тренингот:

-       Вмрежување: младински новинари и координатори на проекти од различни земји

-       Обука за вештини: фокусирање за користење на социјални медиуми за новинароство, видео известување итн...

-       Размена на знаење за проекти со младински новинари

Со цел стекнување на практични вештини, учесниците ќе бидат поканети на Младинската конференција на Европската Унија во Виена, каде ќе можат во пракса да вежбаат стекнатите вештини.

Програмата на настанот може да се види на линкот за регистрација.

Крајниот рок за аплицирање е 04 јули 2018 година на следниот линк.

Трошоци за настанот:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-       Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;

-       Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-       Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади во Македонија.

Leave a comment