На барање на огромен број студенти во Creative Hub повторно се организира обука за претприемачи.

Досега имаме оддржано 3 обуки.

По нашата направена анализа на согледување на кои се потребите на младиот човек и зошто 80% од бизнисите се неуспешни направивме обука во соработка на сите правни и економски субјекти при формирање на фирма во Македонија.

Целта ни е не само да Ве научиме како да направите бизнис план, но и преку визитинг семинари да Ве оспособиме за сите предизвици со кои се соочувате при формирање на фирма во Македонија како изготвување на договори за работа, регистрација на фирма, што по регистрацијата, кои документи се потребни, какви видови на финансиска помош се погодни и за период од колку време е потребно да се вратат. Кога зборуваме за маркетинг стратегија, не зборуваме само за промоции на Фејсбук но и за реални информации за цени на маркетинг и промоција како и брендирање на бизнисот и зошто е тоа потребно.

Содржина:

1.    Бизнис идеја и бизнис план

2.    Бизнис анализа

3.    Планирање на стратегија

4.    Маркетинг стратегија ( реално маркетинг истражување на македонски пазар)

5.    Финансиско планирање: Бизнис модел за Македонија (поврзување и истражување на сите извори на средства кои може да ги добиете во Македонија)

6.    Евалуација на бизнис план

Секој учесник добива книга Business Insider.

Времетраење на семинарот е 5 дена.

Повеќе информации околу начинот на пријавување на следната е-меил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Leave a comment