Како да зборуваш за луѓето да те слушаат?

 

Без разлика на професијата, секој од нас се соочил со тремата и несигурноста што се јавува пред секое јавно говорење.

Низ теоретски и практични делови, научи како да се подготвиш за твоето јавно претставување, како да го победиш стравот од презентирање и како сигурно да застанеш пред мала или голема публика која ќе сака да те слушне. Искористи го твојот потенцијал да бидеш чуен и разбран низ јавен говор кој ќе биде запаметен долго по неговиот крај.

Овој курс е наменет за:

-       Сите оние кои сакаат да ги научат тајните алатки на добриот јавен говор и да ги подобрат своите вештини.

-       Доколку во твојот приватен и професионален живот има ситуација каде треба да зборуваш и изнесуваш идеи, искуства или знаења пред еден човек или поголема група на луѓе.

-       Можеби е тоа јавен настап, презентација на проект на работа, тренинг.. не дозволувај твојот потенцијал да остане скриен или заробен. 

Што сѐ ќе поминеш?

Ден 1

-       Како да се продадеш себеси и твојата идеја

-       Како да зборуваш за луѓето да те слушаат

-       Присуство на сцена 

-       Позиционирање на сцена

-       Говор на тело

Ден 2

-       Публика

-       Идентификување на публиката

-       Персона

-       Storyboard на твојот говор

-       Q&A сесија

-       Како да ги спречиш/контролираш вербалните тикови 

-       Гласот како алатка

-       Типови на глас

-       Вежби за гласот

-       Проектирање на гласот

-       Идентификување на тема за практичниот дел 

Ден 3 - Практичен

-       Секој од учесниците ќе треба да подготви кратка презентација на тема која претходно ќе ја утврдиме. Секој од учесниците ќе може да даде feedback.

Што ќе евалуираме: Намера, идентификување на публика, говор на тело, вербални тикови, глас, присуство на сцена.

По завршувањето, сите учесници ќе добијат сертификат во дигитална и печатена форма.

Датум и време на одржување на курсот:

-       15.05.2018, 20:00-22:00

-       16.05.2018, 20:00-22:00

-       19.05.2018, 13:00-15:00

Цена на курсот: 2.900 ден.

Повеќе информации околу пријавувањето на следниот линк.

 

Leave a comment