Сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на РМ кои имаат завршено најмалку средно образование и се заинтересирани да учествуваат во обука од областа на обезбедувањето, може да поднесат Пријава во надлежните Центри за вработување каде се евидентирани како невработени.

 

Обуката ќе се реализира во Скопје согласно Законот за приватно обезбедување. Лицата треба да ги исполнуваат следните услови:

-        да се државјани на Република Македонија;

-        да имаат живеалиште во Република Македонија;

-        да имаат навршено 18 години;

-        да поседуваат општа психофизичка здравствена способност, што го докажуваат  со соодветно лекарско уверение кое не смее да биде постаро од три месеци;

-        не се осудувани со правосилна судска пресуда или против нив не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гонат по службена должност;

-        имаат завршено најмалку средно образование.

Обуката ќе се реализира во времетраење од 40-50 часа од страна на Комора на Република Македонија за обезбедување на лица и имот, како единствен спроведувач на обуките од областа на обезбедувањето.

По завршување на оспособувањето и полагањето на стручен испит,  кандидатите ќе се стекнат со Лиценца за Физичко обезбедување или Техничко обезбедување издадено од наведената Комора.

Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.

Периодот за аплицирање ќе биде отворен се до исполнување на планираниот опфат на корисници (50 лица).

Сите избрани кандидати ќе склучат договор со центарот за вработување во кој детално ќе бидат уредени правата и обврските.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (www.avrm.gov.mk) и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (www.mtsp.gov.mk).

Јавниот оглас важи од 02.04.2018 до 15.08.2018

 

Leave a comment