Отворен е повик за 2 (двајца) учесници за овука „Englishman in Youth Work“ во Поронин, Полска.

Обуката ќе биде од 12 до 20 април 2018 година.

Englishman in Youth Worke меѓународен проект креиран од 14 партнер-организации од Полска, Турција, Македонија, Романија, Франција, Шпанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Литванија и Италија.

Главни цели на проектот се: размена, развој и создаваање на безбедна средина за добивање нови вештини неопходни за правилен развој на меѓународен проект; да се обучат 28 млади луѓе и да се подобри квалитетот на промоцијата и дисеминацијата од проектот; размена на практики и алатки во полето на младинската рабпта; да се направат јазични работилници, како и создавање на работна средина.

Целиот проект се базира на методи коишто се извлечени од неформалното образование.

Учесниците ќе имаат можност да научат нови нешта, да стекнат вештини кои ќе им користат кога ќе прават меѓународни проекти. Ќе има дополнителни работилници за млади со помалку можности и за активности за вработени во организации.

Информации за обуката, како и апликацијата за пријавување може да ги најдете на следниот линк.

Leave a comment