Семос Едукација спроведува обуки за надградба на вештините на евидентираните невработени лица со минимиум завршено средно образование без разлика на возраста за следниве програмски пакети:

 

1.    Java официјална обука за Java Programmer SE8

ЈAVA е програмски јазик кој се користи како за изработка на client-server апликации така и за изработка на веб и ANDROID апликации. Обуката Java Programmer SE8 се состои од два курса и тоа Java SE 8 Fundamentals и Java SE 8 Programming. Оваа обука, е наменета сите лица кои сакаат да се стекнат со основни и напредни знаења за користење на JAVA програмскиот јазик како и за полагање на официјалниот испит OCA JAVA SE8 Programmer.

2.    ISTQB официјална обука за ISTQB тестери за квалитет на софтвер

Обуката „Тестери за квалитет на софтвер“ е наменета за сите поединци кои сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како подршка на процесот на развој на апликации. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со основите на динамичките и статичките техники за тестирање на софтверските решенија како и со процесот на планирање на тестирањето и алатките кои се користат за таа намена. Обуката е наменета за сите оние поединци кои сакаат да се стекнат со практични знаења за концептот на теситање на едно софтверско решение. Ова ги вклучува тест аналитичарите, тест инженерите, user acceptance тестери, односно сите оние кои сакаат да се пронајдат во некоја од овие улоги.

- Обуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, што значи дека обуките ќе се спроведуваат во секој регион каде има минимум 5 (пет) пријавени и успешно положени кандидати во процесот на прелиминарна селекција.

Право на учество во мерката имаат евидентирани невработени лица со минимум завршено средно образование без разлика на возраста. Изборот на невработените лица - кандидати за обука ќе се врши со претходна проверка на соодветните ИТ вештини на кандидатот.

Обуките ќе се реализираат во период од 3 месеци врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизираниот обучувачки центар, а лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата добиваат уверение за посетувана обука и ваучер за завршен испит за стекнување со меѓународен сертификат. Полагањето на завршниот/те испит/и за програмските пакети треба да се реализира во рок од три месеци од завршување на обуките.

 

Пријава се врши во центрите на АВРМ.

Leave a comment