Основните курсеви се наменети за млади луѓе со или без работно искуство кои имаат интерес за работа на европски проекти во непрофитниот, профитниот, или во јавниот сектор.

 

Интензивен основен курс: Менаџирање на ЕУ проекти (EU Project Management)
Времетраење: 1 месец/ 2 пати неделно х 3 часа (вкупно: 24 часа)
Термин: 23 јануари 2018
Цена: 3,000 ден. (+18% ДДВ)

Обуките опфаќаат:

-       Основи на проектен менаџмент, што е проект, што значи терминот проектен менаџмент, менаџирање со проекти наспротименаџирање на организации,

-       Фази во проектниот циклус, вовед во основните фази и компоненти на проектниот циклус,

-       Анализи на потреби, проблеми, ризици, ефективност, cost-benefit, заинтересирани страни (stakeholders),

-       Формулирање на цели и активности, inputs, outputs, outcomes, deliverables; дефинирање на анализа нa концептите наeffectiveness, efficiency, impact;

-       Вовед во временско планирање

-       Вовед во анализа на логиката на проектот (logical framework analysis)

-       Менаџирање на тимови, менаџирање на време, менаџирање на трошоци, менаџирање на ризици, итн.

-       Вовед во европските фондови и програми

-       Европски програми отворени за Македонија и регионот (IPA, Horizon 2020, Cosme, Creative Europe, IPARD, Cross-Border Cooperation, итн.); тековно следење наможностите во рамките на ЕУ програмите, разлики помеѓу ЕУ и други прогами,
разлики помеѓу различни европски програми, итн.

-       Подготвување нa проекти, идентификација и селектирање на партнери, договарање и преговарање на партнерства, основнинасоки за спроведување на проекти, менаџирање на односи со донатори, градење на односи со донатори, анализа надонаториски принципи и практики, итн.

-       Буџетирање, буџетско планирње, финансиско раководење со проекти

-       Анализа на вистински, одобрени и спроведени ЕУ проекти, практична работа со ЕУ формати и инструменти кои се користаво ЕУ проекти, итн. 
На крајот на обуката секој учесник добива сертификат.

За да се пријавите обратете се на:
+ 389 2 32 32 290
+ 389 2 32 31 345 или електронски на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Забелешка: Потребно е учесниците да имаат основни познавања на англиски јазик и работење со компјутер.

Ве молиме не вршете онлајн уплата пред да потврдите со ДеСо дека ви одговараат тековните термини за обука (ден во неделата, време во денот).

 

 

Leave a comment