Курсот за сметководство опфаќа обука за сите основни книговодствени книжења и за изработка на финансиските извештаи.

 

По успешното завршување на курсот, кандидатите ќе бидат оспособени за:

-       Самостојна книговодствена евиденција на деловните трансакции: набавки, продажби, амортизација, плати, капитал, обврски, финансиските вложувања, временски разграничувања, залихи и ДДВ,

-       Самостојна изработка на билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови;

-       Познавајќи ги основните принципи и правила за водење сметководство, да се вклучат лесно на работно место: сметководител.

Курсот е наменет за:

-       Студентите кои ги подготвуваат испитите “Основи на сметководството” и “Финансиско сметководство”;

-       Лицата кои планираат да се ангажираат во сметководствената професија;

-       Професионалците кои се занимаваат со сметкводство, но компјутеризацијата и сегментацијата на работењето ги оддалечила од суштината на оваа дисциплина;

-       Претпримачите и менаџерите за да добијат подобра слика за финансиското работење, која ќе им овозможи подобро управување со бизнисот и остварување на поголем деловен успех.

Потребни предзнаења:

-       Не се потребни никакви предзнаења.

Повеќе информации околу обуката и начинот на пријавување на следниот линк.

 

Leave a comment