Центарот за обука на пилоти за потребите на Министерството за одбрана/АРМ создава инфраструктура која ќе овозможи квалитетно и брзо школување и обука на пилоти,со цел создавање национални ресурси за развој на воздухопловството во Република Македонија.

Центарот за обука на пилоти претставува врвна институција проектирана да едуцира, пред сè, пилоти на хеликоптери оспособени да извршуваат сложени воени мисии.

Кој може да се пријави:

-Завршено високо образование (180 кредити);

-Апсолвент (при крај на студии);

-Студент;

Центарот располага со:

-Современи училници и наставни помагала

-Компјутерски систем за селекција и обука

- Високостручен и искусен персонал.

 *Мултифункционален објект на Центарот за обука на пилоти во кој е вграден најсовремен софистициран систем и е опремен со симулатори за летање со хеликоптерите Ми-17 и Ми-24.

Зошто да статнеш пилот?

-Бесплатна обука по највисоки светски стандарди;

-Гарантирано вработување;

-Бенефициран работен стаж;

-Можност за решавање на станбено прашање;

-Можност за професионално усовршување;

-Меѓународнa размена на искуства;

-Можност за дозвола за комерцијално летање;

-Редовен медицински надзор

Повеќе информации околу обуката и повикот на следниот линк.

Leave a comment