Британски совет нуди обуки за наставници по странски јазик.

 

Ако сте наставник по странски јазик или професионалец во областа на предавањето странски јазици кој сака да ги надгради своите вештини или едноставно сака нови и свежи идеи, Британски совет може да ви помогне. Ви нудиме интересни и практични обуки каде што може да споделите искуства, ставови и идеи и да стекнете нови знаења. Истовремено, добивате пристап до практични активности кои може веднаш да ги употребите на вашите часови.

Нашите обуки се наменети за наставници кои предаваат странски јазици, и кои имаат различно искуство. Ги опфаќаме почетниците и сите кои имаат кратко работно искуство, но и искусните наставници од државниот и од приватниот сектор кои имаат желба да ја подобрат својата наставна практика. 

Обуките може да бидат еднодневни или да се состојат од три четиричасовни или две шестчасовни работилници кои се одржуваат три пати годишно под раководство на македонски искусни обучувачи. За време на овие обуки, од учесниците се бара да извршуваат задачи поставени од страна на обучувачот, да дискутираат за одредени прашања со другите учесници и да се навратат на искуството што го стекнале од својата наставна практика. Темите обично варираат во зависност од барањата на наставниците.

Забелешка: Сите обуки се одржуваат за време на викенди и се реализираат на англиски јазик.

Дали живеете во друг град? Можеме да дојдеме кај вас! Ако за одреден курс се пријават 10 учесници од ист град, постои можност обуката да се одржи во нивниот град, доколку се најде соодветен простор. Учениците ќе бидат навремено известени за ваквата одлука.

Го резервираме правото да откажеме некоја обука доколку минималниот број пријавени наставници е помал од 10.

За активното учество и успешното извршување на утврдените задачи на учесниците им се издава сертификат за учество на обуката. 

 

Ви требаат повеќе информации?

Ако сте заинтересирани за вакви обуки и имате прашање за нас, ве молиме да се обратите на следната е-меил адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Leave a comment