И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми.

 

 

Циклусот започнува на 19.10.2017 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

 Предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе.

Распоредот на предавања* е следен:

§  19.10.2017 – Темниот Универзум

§  26.10.2017 – Мисијата Касини

§  02.11.2017 – Гравитациски бранови

§  09.11.2017 – Црни дупки

§  16.11.2017 – Раѓањето и смртта на Универзумот

§  23.11.2017 – Дали сме слетале на Месечината?

§  30.11.2017 – Антички опсерватории

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари. За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари од предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

За повеќе информации слободно пишете на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или јавете се на 076 439 027.

 

*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.

Leave a comment