Корисничкото искуство (UX) е кариера која нуди многу погодности. Успешните UX професионалци може да ја подобрат технологијата за истата да биде поефикасна, поефективна и повеќе задоволителна за оние кои ја употребуваат. Но, каде почнува кариерата во UX?

 Во овој курс, ќе ги разгледаме под-дисциплините на корисничкото искуство (дизајн, истражување и стратегија), за да може да дознаете повеќе за различните работи кои ги усогласуваат вашите јаки страни и желби. Курсот треба да ви помогне да ги разберете обврските на професиите, но и придобивките од работењето со полно работно време за команија, наспроти консултантска работа и хонорарен ангажман. Ќе зборуваме како да изградите попривлечно резиме и портфолио и да сте сигурни дека соодветно се брендирате себе си како UX професионалец.

Курсот нуди фокусирани совети за кариера за луѓе кои бараат работа, совети за регрутери и работодавачи кои сакаат подобро да го разберат полето на UX, и неопходна рамка за дипломираните/недипломираните студенти кои го разгледуваат следниот чекор во својата кариера.

 

Теми

Што е UX?

Дали треба да бидете UX генералист или специјалист?

Типови на UX кариера кои ви се на разполагање: дизајн, истражување и стратегија

Работа во компанија, како консултант, или хонорарно

Раскажување приказна со портфолио и резиме

Работа со регрутери

 

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,

графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,

сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.

 

Практичен дел

Курсот не содржи практичен дел.

 

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

 

Повеќе информации околу обуката и начинот на аплицирање на следниот линк.

 

Leave a comment