Го употребувате секој ден за трансакции на пари, за истражување, за пазарење и социјални медиуми, но, дали знаете како работи? Во овој курс, ќе ве запознаеме со технологијата која стои зад вебот, терминологијата и начинот на кој сите работи се вклопуваат за да овозможат веб сајтовите да работат.

 

Курсот дава краток преглед на вклучените технологии (HTML, CSS, URL, DNS, HTTP, и  IPv6), и ја објаснува разликата помеѓу front-end (она што го гледаме) и back-end (она што не може да го видиме) на вебот, а сето тоа во водич низ светот на домените, серверите, базите со податоци и технологиите на “едноставен македонски јазик”.

 

Теми

Работа со веб клиенти и сервери

Разгледување на HTTP

Како работат прелистувачите

Структурирање на HTML

Контролирање на презентацијата со CSS

Скриптирање со JavaScript

Работа со податоци

Работа со систем за управување на содржина (како WordPress)

Употреба на услуги во облак

 

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

 

Практичен дел

Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

 

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

 

Повеќе информации околу обуката и начинот на аплицирање на следниот линк.

 

 

Leave a comment