Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн.

Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS и JavaScript.

 

Теми:

Што е веб дизајн?

Што е веб дизајнер?

Учење програмирање

Избирање веб хост

Работа со CMS

Структура на веб сајт

Избирање работна рамка или софтвер

Дизајнирање следејќи ги стандардите и принципите за пристапност

Како да научите HTML, CSS, и JavaScript

 

 

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

 

Практичен дел

Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

 

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

 

Повеќе информации околу обуката и начинот на аплицирање на следниот линк.

Leave a comment