Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн.

Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS и JavaScript.

Теми:

-       Што е веб дизајн?

-       Што е веб дизајнер?

-       Учење програмирање

-       Избирање веб хост

-       Работа со CMS

-       Структура на веб сајт

-       Избирање работна рамка или софтвер

-       Дизајнирање следејќи ги стандардите и принципите за пристапност

-       Како да научите HTML, CSS, и JavaScript

Кому му е наменет овој курс?

-       Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

Практичен дел

-       Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

Формат на курсот

-       Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

Повеќе информации околу обуката и начинот на аплицирање на следниот линк.

 

1 comment

  • Victoria Victoria 27 Nov 2017

    Zdravo.
    Zainteresirana sum za obuka za veb dizajniranje. Dali obukata e se uste vo tek I dali moze da se prijavam? Poz

    Reply

Leave a comment