На 15 септември на светскиот ден на чистењето, 2018 World Cleanup Day, кој се одржа низ цела Македонија со главен настан во Општина Кисела Вода, здружението за почист свет (BottleRecycle.org) Ботал рисајкл дот орг, во соработка со здружението Гоу Грин и Министертсвото за животна средина и просторно планирање, во првата фаза од акциониот план во делот за зголемување на свеста, го представи глобалниот предизвик, IceBottleChallenge.org со главна цел, преку играње, забава и награди, да ја зголеми свеста, особено кај најмладите, за проблемот со загадувањето на животната средина, со посебен нагласок на пластичните шишиња. (http://icebottlechallenge.org/news)

 

За официјално да се означи почетокот на предизвикот IceBottleChallenge.org за почист свет, преку новата младинска револуција, на 11 Октомври од градскиoт плоштад од Прилеп, со почеток во 11 часот, како што во минатото пукнала првата пушка, предвиден е настан кога ќе биде свртено првото шише, Bottle Flip за почист свет, каде преку игра, забава и награди младите треба да добијат инспирација за стекнување на добри навики за фрлање на отпад во корпа. 
Со предизвикот се предизвикани сите да свртат шише за почист свет, истовремено да пријават екипа за Bottle Flip турнир за сезона есен / зима 2018/2019 и да предизвикаат 3 од свооите пријатели да го направат истото за сите заедно ја прошириме пораката со цел што поголем број да се вклучат во турнирот и во борбата против загадувањето на животната средина.

Претседателот на здружението Влатко Наумовски го објаснува спојот на два светски тренда во една уникатна целина: „Со предизвикот IceBottleChallenge.org, кој е комбинација на забавно и корисно како пандам на предизвикот Ice BUCKET Challenge, каде многу познати личности се потураа со кофа ладна вода, сакаме на сличен и необичен начин, преку свртување на пластично шише (Bottle Flip), да го привлчеме вниманието на јавноста кон овој голем еколкшки проблем, да ја разбудиме свеста и да инспирираме заедничко дејствување кон решавање на проблемот преку стекнување на добри навики и воедно да покрениме иницијатива за светски ден на добрите навики – World Good Habits Day.„

„Затоа со цел да придонесиме за ширење на оваа порака, сакам да ги предизвикам сите оние кои што се грижат за животната средина, да го прифатат предизвикот, да регистрираат екипа за Bottle Flip турнир сезона 2018/20119 и заедно со нас, сите заедно, да свртме шише (Bottle Flip) за почист свет.“  

Претседателот појаснува: „ Снимете го вашиот (Bottle Flip) или (Bottle Flip) од некој ближен, или на цела екипа, поставете го видеото на вашиот Facebook профил и истовремено предизвикајте минимум 3 пријатели што ќе го направат истото и ќе ја прошират пораката понатаму. Не заборавете да ставите етикета на шишето со логото на предизвикот IceBottleChallenge.org како и да го ставите линкот www.IceBottleChallenge.org  во пораката на вашиот пост на социјалните мрежи.„
Екипи за Bottle Flip турнирот може да се пријават на линкот www.IceBottleChallenge.org/apply
Инаку општо е познато дека продажбата на пластични шишиња на глобално ниво изнесува околу 1 милион шишиња во минута или околку 1 милјарда и 440 милиони шишиња дневно, а само околу 50% се рециклираат, додека останатите 50% претставуваат голема закана за животната средина за што мора да се делува час поскоро. 

Со овој проект практично планираме да навлеземе во сржта на проблемот со отпадот, со што ќе се работи суштински на решавање на проблемот преку стекнување на добри навики, а не преку континуирано отстранување на последиците кои нема да прекинат се додека не се одстрани причината, а додека со градењето на глобалната креативна зелена армија Ice Bottle Army, планираме да работиме на изнајдување и имплементирање на алтернативни употребни вредности на отпадот делимично преку интернет форум за искажување на различни мислења, а по принципот Act Localy – Implement Globaly, и конечно во план е да се работи на проектот Plastic Bottle Terminator, преку кој треба да се овозможи полесно управување со отпадот со пластични шишиња вклучувајќи ги и самите домаќинства. 

Досега поддршка добивме од Витаминка, Пекабеско, Еликсир, Тинекс, Каз Груп, Комфи Ангел, Техно-маркет, Грид, Гинис принт како и здружениата еко велосипедист и аларм за природата 

Истовремено здружението за почист свет (BottleRecycle.org) Ботал рисајкл дот орг, упатува апел до сите општествено одговорни компании, да се приклучат кон овој предизвик и  да придонесат да се прошири пораката што е можно повеќе. 

За повеќе информации правните лица може да се обратат на 070 256 000, а секој што би сакал симболично и инстантно да допринесе и да се вклучи во борбата за почист свет може да не поддржи преку донација од мрежата на Телеком на 070 143 401 (повик 100 ден.), наскоро и до мрежата на ВИП.

Извор на веста: icebottlechallenge.org

Leave a comment