По првиот успешен настан - “Македонски маркетинг” во организација на Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub, овојпат во едно поинакво “after work” светло се организира и првиот “ПР Бар”.

 

ПР Бар е настан кој има за цел да собере искусни лица од ПР индустријата, како основачи на ПР агенции, портпароли на институции, новинари, медиски претставници, раководители на корпоративен сектор во институции, раководители на печатени медуми, раководители на ПР сектoри во маркетинг агенции, но и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе и да се информираат за ПР индустријата која е во се поголем подем.

Настанот ќе се одржи на 25 октомври (четврток) 2018 година во Парк хотел & спа со почеток во 18 часот.

Агендата на настанот е следната:

-        18:00 - 18:30   Регистрација на гости

-        18:30 - 18:40   Воведен говор, Аријана Коскарова (Creative Hub)

-        18:40 - 18:55  "Тајните на ПР успехот"

-        18:55 - 19:45  Панел 1: “ПР и медиуми”

-        19:45 - 20:00  Пауза

-        20:00 - 20:15   Специјален гостин

-        20:15 - 21:00   Панел 2: “Кризен ПР менаџмент”

-        21:00 - 21:05  Заклучни зборови, затворање на настанот

Темата на настанот е ПР Бар, а за секој присутен и со секоја купена карта следува Signature Cocktail.

Сите гости на настанот ќе бидат објавени тековно во текот на следните неколку недели.

Картите се пуштени во предпродажба до 13 октомври на промотивна цена од 799 МКД.

 

Leave a comment