Еден од најголемите настани за претприемништво што се случува во глобални рамки, оваа есен ќе се одржи во Скопје. Претставува совршен настан за поттикнување на претприемничкиот дух кај сите кои имаат бизнис идеја или желба да започнат свој бизнис.

 

Стартап Викенд претставува 54 – часовен настан каде се здружуваат, ентузијасти, програмери, маркетинг експерти, студенти и претприемачи со цел да генерираат нови бизнис идеи и успешно да ги реализираат. Учесниците ќе имаат можност да учат од искусни професионалци од различни области - финансии, бизнис, маркетинг, ИТ, дизајн, кои се локални и меѓународни стартап експерти. На овој настан учесниците можат да дојдат со своја бизнис идеја која ја презентираат или пак да дојдат и да поддржат нечија идеја приклучувајќи се во тимот кој ќе работи интензивно на нејзино развивање во текот на викендот. На крај се презентираат разработените решенија пред стручно жири, кое ги одбира победниците. Победниците ќе имаат можност да добијат шанса која ќе им овозможи понатаму да работат на доразвивање на нивното решение и да го трансформираат во вистински бизнис.

Startup Weekend глобално има повеќе од 2900 настани во повеќе од 660 градови во 150 држави. Настанот до сега имаaт учествувано повеќе од 193.000 учесници на глобално ниво со над 20.000 тимови формирани.

И овој пат сите што ќе се пријават на Startup Weekend ќе имаат можност за активна дружба со учесниците, менторите и организаторите на одлична локација благодарение на нашиот домаќин CЕЕD HUB од 19 до 21 октомври.

Обезбеди го твоето место ведаш!

https://www.eventbrite.com/e/startup-weekend-skopje-19-21102018-tickets-47219386456

Особено сме горди, што веќе ги имаме потврдено првите спонзори на овогодишниот Startup Weekend, а тоа се следниве: Solveo, CEED HUB, Brainster, Best Way Investment, Swiss Agency for Development and Cooperation SDS, Backyard, MK Host, Swiss Contact, Пивара Скопје. Уште повеќе допрва следуваат.

Leave a comment