Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт го спроведува проектот „Младински работници за младите“.

 

Проектот се спроведува со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се влијае на младинското учество во демократскиот живот преку унапредување на улогата на Младинскиот Работник. Пристапот кој го предлагаме се базира на  препознавање на улогата Младински работник како посебна професија, како и развивање на “Етички Код за Младински работници” преку кој ќе се стандардизираат професионалните вештини, знаења и способности на младинските работници во услугите кои тие ги обезбедуваат за младите.

На крајот на месец февруари 2018 во рамките на проектот, во Скопје, се одржа Национална работилница со донесувачи на одлуки на национално ниво. Целта на оваа работилница беше дискусија за дефинирање на препораки за подобрување на младинската работа во Македонија, односно дискусија за професијата Младински работник и нејзино признавање, како и идно ситематизирање на работни места за занимањето младински работник. Во периодот од 16 - 19 мај  2018 година ќе се реализира главната активност во проектот и тоа е тридневна работилница за креирање на документ „Етички Код за Младински работник“ која ќе се одржи во Струга. На оваа работилница учество ќе земат вкупно 45 учесници (млади на возраст од 18 – 29 години, и донесувачи на одлуки).

Тековна активност во рамките на овој проект е ОН-ЛАЈН прашалник кој е наменет за младите со цел да наведат неколку мислења за Младинскиот работник како етичка професија. Главниот фокус е ставен на креирањето на документот „Етички Код за Младински работник“ со цел да се направи преглед на  мислењето на младите доколку би постоел таков официјален документ дали би имале поголема доверба во Младинските работници кај кои треба да се обратат за прашања и информации од нивни интерес.

За таа цел ги покануваме младите да одделат дел од своето време и да го пополнат он-лајн прашалникот на следниот линк.

Leave a comment