Со новогодишна хуманитарна акција која стана традиционална благодарение на кафе игротеката „Трезор“ од Кавадарци и сите деца и родители кои низ годините наназад станаа нивни големи пријатели и годинава ќе бидат помогнати оние на кои за време на празниците им е недостига внимание и родителска љубов.

 

 

Како и минатите, така и годинава ќе се собираат играчки, алишта, обувки, училишен прибор, тетратки, блокови за цртање и парични средства, кои годинава ќе бидат донирани во Кавадарци.

 

„Трета година по ред заедно со родителите на дечињата кои се наши најредовни гости сакаме со хуманитарна акција да им ги разубавиме празничните мигови на децата на кои животот не им дозволил да го поминат како останатите. Годинава хуманитарната забава ќе се оддржи на 25 декември, кога заедно со децата и нивните родители заеднички ќе донираме за нашите сограѓани“ - вели Данче Филипова од Трезор Кидс.

 

Покрај родителите, во целата акција и годинава ќе се вклучи поголемиот дел од кавадаречкиот бизнис сектор кој е редовен поддржувач на оваа акција.

Leave a comment