Конференција за ментално здравје “Во здрав мозок – здрава младост”

Финален настан на активноста “Mental Health Matters” е тричасовна конференција за ментално здравје “Во здрав мозок – здрава младост”. Целта на конференцијата е на едно место да се соберат родители, наставници, психолози, млади луѓе, односно сите оние кои имаат клучна улога во развојот на ментално здрава млада личност.