Општинската установа за култура Дом на млади-Штип распишува повик за избор на 7 авторски цртежи,кои ќе се реализираат во рамки на проектот Нашиот дом.

 

 Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност.

Идејата е во склоп на еден од најзначајните објекти градот под Исарот, да се интегрира првата галерија на отворено,посветена на уличната уметност и графити културата. „Нашиот дом“ е темата со која ќе го започнеме овој културен проект.

Конкурсот е отворен од 10.02.2019г до 30.03.2019г.

Оваа идеја има за цел да се даде простор на домашните автори да реализираат едно дело посветено на нашата институцијакоја е симбол на градот. Покрај промоцијата на домашните уметници пред јавноста,ќе можат да се претстават и уметници од останатите градови.

Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица – концепт, во една од категориите: 1. Street art или 2. Graffiti .

Настанот ќе се реализира во интервалот од 10ти до и 28мимај , а на 01ви јуни 2019година ќе се случи официјалното отворање на галеријата во склоп од Сигнал Фестивалот кој ќе се одржува два дена, на 01. Јуни, со изложба на фасадата и изведувачки уличен перформанс пред истата и на 02. јуни со музички настан.

Локацијата на настанот е на предната фасада на Дом на млади. На фасадата на предниот дел од Дом на млади на ѕидот ќе бидат оформени 7 полиња за работа.

Настанот е во организација на ОУК Дом на млади-Штип

Организаторот за потребите на настанот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, фотодокументација и архивирање, изработка на брошура, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства (7×6100 денари /нето). Постојат 7 различни димензии на полиња, затоа авторите треба да ја земат предвид адаптибилноста на скицата. Точните позиционирања и организација на делата ќе се извршат по изборот на пристигнатите апликации од страна на тричлено жири во состав.Организаторот, по завршувањето на повикот, на 5. Април ќе ги објави јавно резултатите. Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.

Скиците треба да бидат испратени во плик со назнака за Галерија на отворено. Скицата на задната страна содржи шифра , а во друг плик се податоците за авторот и шифра на скица со назнака “не отвoрај” за конкурс Галерија на отворено. 
Дом на млади-Штип Партизанска бб 
Тел 032/394-243, директор 078/250-899
e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Објавата за конкурсот можете да ја видите на следниов линк: https://www.facebook.com/pg/%D0%94%D0%BE%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%A8%D1%82%D0%B8%D0%BF-228787450640777/photos/?tab=album&album_id=1027218307464350&__tn__=-UC-R

Leave a comment