Предизвик за млади истражувачи

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе постојат генерации кои ќе го унапредат начинот на размислување, начинот на кој се практикуваат секојдневните активности и меѓусебното комуницирање.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) повикуваат за учество на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи.

 

Рокот за пријавување е до 31.03. 2019 година

Сите детали можете да ги најдете на следниот линк:

http://www.fitr.mk/predizvikzamladi2/?fbclid=IwAR0VcpFNCt592CGlebqVtWagmMhcz1-nNEPde6A7nVrtcxxE1reWL6NSr6o#toggle-id-8

Leave a comment