МОН – Педагошка служба распишува конкурс за издавање на еден учебник за наставните предмети: Општество за IV одделение на деветгодишно основно образование, Информатика за VI одделение на деветгодишно основно образование, Географија за VII одделение на деветгодишно основно образование, Географија за VIII одделение на деветгодишно основно образование и Географија за IХ одделение за деветгодишно основно образование.

1. ОПШТИ УСЛОВИ

Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба, бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

Предмет на конкурсот: Понуди за издавање на еден учебник за наставните предмети:

-        Општество за IV одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 202.725,00 (двесте две илјади седумстотини дваесет и пет) денари.

-        Информатика за VI одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 202.725,00 (двесте две илјади  седумстотини дваесет и пет) денари.

-        Географија за VII одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 202.725,00 (двесте две илјади седумстотини дваесет и пет) денари.

-        Географија за VIII одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 202.725,00 (двесте две илјади  седумстотини дваесет и пет) денари.

-        Географија за IХ одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 202.725,00 (двесте две илјади  седумстотини дваесет и пет) денари.

1.1 Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

1.2 Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со шестиот примерок на учебник.

1.3 На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

1.4 Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседателот и членот на Националната комисија и член на рецензентската комисија.

1.5 Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.6 Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.7 Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно, графички и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.

1.7.1 Ракописот за учебник не смее  да содржи  фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за  кои авторите  немаат дозвола за користење.

1.8 Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма.

1.9 Авторите ракописот на учебник го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

1.10 Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

1.11 Ако авторот на учебник на конкурсот понудил дополнителна литература согласно со член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, истата е должен да ја отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.

2. РОКОВИ

Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 14.05.2018 година.

Повеќе информации околу конкурсот и начинот на аплицирање на следниот линк.

 

Leave a comment