Јавен повик за избор на младински претставник во управен одбор во регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена (Австрија), од страна на премиерите на 6 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово) беше потпишана Заедничка декларација за воспоставување на Регионална канцеларија за соработка во областа на младите, како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот, во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.

На 04.јули 2016 г. од страна на премиерите на земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка. како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.Канцеларијата со седиште во Тирана, Албанија започна со работа на 01 јануари 2017 г, а во чии тела е предвидено учество на владини и невладини претставници од земјите потписнички на спогодбата.

Во таа насока, со цел зголемување на транспарентноста и инклузивноста на процесот за воспоставување на РИКО и потребата за вклучување на младите луѓе и заинтересирани страни во овој важен процес, денес, го објавуваме Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО.

Во прилог е Конкурсот и Пријавата кои можете да ги симнете тука:

Конкурс за младиснки претсавник во УО на РИКО

Пријава за младински претставник за УО

Потребно е документите да бидат доставени во затворено писмо, со назнака „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“ најдоцна до 23.02.2018 г. на следната адреса: Агенција за млади и спорт, ул. Македонија, бр. 38 1000 Скопје

 

Leave a comment