Врз основа на член 22 став 1 точка 3 од Законот за Локалната Самоуправа ( ,,Сл. Весник на РМ,, бр.05/02)Градоначалникот на Општина Кавадарци  објавува:

 

 

Ј А В Е Н   П О В И К

За изразување на интерес на млади лица  за  запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот

 

Општина Кавадарци со цел да го промовира и зајакне работењето на Секторот за Локален Економски Развој ги повикува  да изразат интерес, сите лица од Општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве критериуми:

 

Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)

 

Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1

Познавање во изработка на проектни апликации

 

Заинтересираните кандидати да  ги достават следниве документи :

Кратка биографија

Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)

 

Пријавата заедно  со бараните документи да се достават  во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 февруари 2018 година  до 16:00 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.

 

По разгледување на пријавите  кандидатите ке бидат повикани на разговор.

 

Leave a comment