Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за млади истражувачи во склоп на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондации Отворено општество (ФОО).

Целта на проектот е да се искористат ресурсите и капацитетите на МОФ и знаењето и искуството на алумни стипендистите градејќи мрежа на млади истражувачи.

 

Во склоп на проектот ќе бидат поддржани четири истражувачки трудови, а истите ќе ги спроведат млади истражувачи кои ќе бидат менторирани од искусни истражувачи од МОФ и мрежата на алумни стипендисти на ФОО.

 

За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:

Да се студенти или дипломирани лица на возраст од 21 до 26 години;

Да покажуваат интерес во истражувања во областа на млади, образование, социјални и политички прашања;

Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво;

Да се во можност да ја посетат дводневна обука за млади истражувачи на 27-28 јануари 2018;

Да се во можност да работат во тим и учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од јануари до мај 2018;

Претходно истражувачко искуство не е задолжително, но се зема во предвид.

 

Сите заинтересирани можат да се пријават индивидуално или како тим најдоцна до 21ви јануари, 2018 година This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

CV на апликантот (или апликантите доколку се аплицира како тим)

Резиме за предлог истражување (најмалку една страна) во областите млади, образование, социјални и политички прашања

Предлог методологија за истражувањето.

 

Резимето и истражувањето за предлогот истражувањето може да бидат доставени индивидуално или од група на истражувачи. Бројот на истражувачи ќе биде ограничен, а изборот ќе го врши комисија составена од претставници на МОФ и ќе биде врз база на релевантноста на темата на истражувањето, квалитетот на резимето, конзистентноста на методологијата како и професионалното искуство на истражувачот.  Организаторот може да побара дополнителни информации за истражувањето од истражувачот.

 

По обуката, низ програмата истражувачите ќе се групираат во тимови и ќе имаат можност да аплицираат со предлог истражување. Најдобрите четири предлог истражувања ќе бидат реализирани и менторирани во текот јануари – мај 2018. Избраните истражувачи ќе имаат 4 месеци за изработка на трудовите, од времето на потпишување на договорот. Секое истражување треба да има биде со должина од најмалку 5000 зборови и да содржи: резиме, преглед на литература, методологија, дискусија за наодите за истражувањето, заклучок, препораки и користена литература. Резултатите од истражувањата ќе бидат презентирани на завршен настан „Станица: Студентска“. Организаторот ќе ги покрие трошоците за реализација на истражувањето, а за истражувачот/тимот кој го реализира е предвиден надомест.

 

Сите заинтересирани апликанти кои имаат прашања, потреба од консултација или појаснувања за повикот можат да не контактираат на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Програмата е овозможена со поддршка на Фондации Отворено општество.

Контактирајте нè за повеќе информации:

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  02/3139 692

Лице за контакт: Мартина Илиевска

Leave a comment