Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети.

 

 

Се повикуваат сите млади  да поднесат свои авторски творби, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Да се на возраст од 15 до 29 години

2. Да немаат објавено збирки на поезија.

3. Да достават најмногу две поетски творби.

 

Конкурсот за Млади поети  се  реализира по четврти пат, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра итворба и тоа за прва награда се предвидени 20.000 денари, за втора награда 15.000 денари, а трета награда 10.000 денари.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2017 година.  

Кандидатите своите дела треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби”, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот теба да се наоѓа  документација за идентификацијата на испраќачот како и шифрата.

Адресата на која треба да се достават авторските дела е:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје(Палата „Панко Брашнаров“)

Со назнака „за Конкурсот Млади поети “

 Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

 

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

 

 

Конкурсот трае 30 дена, сметано од денот на објавување, осносно до 25 ноември 2017 година

Leave a comment