Бидете дел од тимот на „Млади амбасадори за младинско информирање“ во ИНФО СЕГА Прилеп! Проширете ја својата лична мрежа на контакти, зголемете ги вашите комуникациски и презентерски вештини, и научете повеќе за младинското информирање.

 Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е непрофитен центар чија што основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе.

Од месец Ноември 2017, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА ќе формира клуб на „Млади амбасадори за младинско информирање“ со ученици  од сите средни општински училишта, кои ќе спорведуваат различни активности во училиштата.

Потребни услови за пријавување:

-       Да е ученик (од прва до трета година) во средно општинско училиште во Прилеп

-       Да има претходно искуство во организирање активности со млади ќе се смета за предност

-       Да е член на младинска организација во училиштето

-       Да има добри комуникациски и организаторски способности.

Задачи на Младите Амбасадори за младинско информирање

-       Редовно да присуствува на состаноци организирани од ИНФО СЕГА

-       Да пренесува информации за различни можности за средношколци во училиштето

-       Споделување на брошури, флаери и друг промотивен материјал од ИНФО СЕГА

-       Да организира активности во самото училиште

-       Да учествува на активности организирани од ИНФО СЕГА.

Младите Амбасадори ќе имаат можност да:

-       Учествуваат на обука за млади амбасадори организирана од ИНФО СЕГА

-       Учество на семинари, обуки и работилници организирани од ИНФО СЕГА

-       Да бидат дел од интернационални младински размени организирани од Коалиција СЕГА

-       Да ги зголемат нивните комуникациски и организаторски способности.

Сите заинтересирани ученици треба да испратат CV и мотивационо писмо на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Краен рок за пријавување е 30.11.2017 година.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!

Тимот на ИНФО СЕГА

 

 

Leave a comment