Фондација Македоника објавува награден конкурс за сите млади и талентирани автори, љубители на пишаниот збор од сите етнички заедници во Република Македонија, регионот и дијаспората.

 

Фондација Македоника, во соработка и со финансиска поддршка на ЦИВИКА МОБИЛИТАС, го објавува започнувањето на проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“.

·         Во период од 12 месеци, почнувајќи од 01.06.2017, се очекува голем број млади и неафирмирани автори за прв пат да ги објават своите дела.

·         Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од сите етнички заедници во Република Македонија, регионот и дијаспората.

·         Конкурсот трае од 01.06.2017 до 31.05.2018 год.

·         Издавачката комисија на проектот ќе избере по една книга месечно, која ќе биде објавена во бесплатната дигитална библиотека на Фондацијата Македоника

·         Делата од македонски автори ќе бидат објавени на македонски јазик, а делата на јазикот на етничките заедници ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.

·         Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови.

·         Најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда – електронски читач (таблет).

·         Жанрот на делата за доставување не е ограничен, т.е. авторите можат да конкурираат со проза, поезија и драма.

·         Авторите можат да конкурираат со едно или повеќе дела.

Делото со кое се аплицира на конкурсот треба да биде испратено во word на mail адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., заедно со краток опис на содржината што не треба да надминува 1.000 карактери и кратка биографија на авторот.

 

Кориците за делата ќе бидат изработени од графички дизајнер од Македоника.

Сите заинтересирани автори можат да добијат повеќе информации во просториите на Фондација Македоника на ул. 11 Октомври 33 А Скопје, преку  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на телефон 02 615 2000.

 

 

Подетални информации можете да прочитате на следниот форум: https://makedonikasite.wordpress.com/

2406 comments

Leave a comment