Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2016 година!

Министерството за образование и наука еднократно ќе додели финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови од домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијаниe (импакт фактор). Mеѓународно списание согласно овој конкурс е списание кое има меѓународен уредувачки одбор.

Конкурсот важи за труд објавен во 2016 година и ќе трае од 25 декември 2016 до 24 декември 2017 година.

Со конкурсот се предвидува:

Доделување финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за 300 научно-истражувачки труда, од кои:

- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на природно-математичките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на техничко-технолошките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на медицински науки и здравство;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на биотехничките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на општествените науки; и
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на хуманистичките науки.

Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.

Во случај на повеќе пријави кои ги исполнуваат условите предвидени со конкурсот се дополнуваат со критериумот од прв автор кон останатите, во случај на повеќе први автори или автори по редослед на објавување се зема во предвид висината на влијанието на факторот на списанието.

Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот регистриран во Централниот регистар на Република Македонија за научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот, односно регистриран самостоен истражувач-автор на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

Потребни документи за пријавување на Конкурсот:

-Пополнето барање, 
-Копија од објавениот научно-истражувачки труд од домашен автор во меѓународно научно списание со фактор на влијание (импакт фактор),
-Копија од страницата на меѓународното научно списание каде е наведен насловот, годината и бројот на списанието; уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен научно-истражувачкиот труд,
-Официјален документ, потврда за висината на факторот на влијание  (импакт факторот, според  Thomson Reuters)  за меѓународното научно списание за  2015 година и
-Копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на установата односно самостојниот истражувач, или изјава поднесена од установта односно самостојниот истражувач.

Неправилно пополнета или некомплетна пријава со документи, нема да се разгледуваат. 
Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за објавен труд со фактор на влијание„ да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наука
Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука 
Контакт лице: Александар Петров телефон  02/3140-187 и 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., канцеларија 1412
и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и 
e-mail: оThis email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., канцеларија 1410

1536 comments

Leave a comment