Доколку сакате да ги истражувате и да ги промовирате можностите кои ЕУ им ги нуди на младите ова е вистинскиот ЕВС проект за вас. 

Место: Quart de Poblet (Валенсија), Шпанија

Организација - домаќин: AYUNTAMIENTO DE QUART DE POBLET

Времетраење на проектот: 9 месеци

Период: февруари 2019 - октомври 2019

Краен рок за аплицирање: 30.09.2018

Опис на проектот:

AYUNTAMIENTO DE QUART DE POBLET е младински центар што припаѓа на јавната администрација на градот Quart de Poblet (Валенсија). Организацијата сака да биде домаќин на доброволци кои ќе ги промовираат можностите на ЕУ меѓу младите. Сакаат да ги вклучат волонтерите во сите локални активности поврзани со учеството на младите, за да ги поттикнат локалните млади и да ги мотивираат да ги искористат овие можности. Активностите ќе бидат поврзани со мултимедија (видео, постери ...), дисеминација на информации за младите, помагање во организирање на младински настани во градот, помагање во обуките за млади, соработка во програмата за претприемништво и воопшто, како дел од тимот на младински работници од младинскиот центар.

Сместување, храна и превоз:

Сместувањето ќе биде во заеднички стан со други волонтери или студенти. Храната ќе биде подготвувана од страна на волонтерите (организацијата ќе им обезбеди паричен надоместок утврден од Еразмус + за храна). Ќе се обезбеди и картичка за  градски превоз за волонтерите.

Обуки за време на проектот:

Освен задолжителната обука "при пристигнување" и "среднорочна евалуација", организирана од Националната агенција, организацијата ќе обезбеди можности за обука за младинска работа и младински информативни услуги. Организацијата припаѓа на мрежа на младински центри кои организираат редовни обуки (наречени "eines de formació") каде ќе имаат можност да учествуваат и волонтерите. Ќе биде обезбедена и јазична поддршка (шпански и валенсиански) за волонтерите и ќе можат да го посетуваат и центарот за учење за возрасни.

Профил на волонтер:

Организацијата има потреба од активни луѓе кои се заинтересирани да имаат интеркултурно искуство што ги зајакнува младите на Quart de Poblet. Исто така, од волонтерот се очекува да покаже интерес за учење на шпански јазик (бидејќи комуникацијата со локалното население ќе биде главно на шпански). Се бара волонтер кој е заинтересиран за областа мултимедија и младинска работа воопшто. Волонтерот потребно е да биде на возраст под 30 години и над 17 години. 

Начин на аплицирање:

Доколку сте заинтересирани да бидете ЕВС волонтер на овој проект испратете Ваша биографија во pdf формат, како и мотивационо писмо на англиски јазик на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341

 

Коалиција на младински организации СЕГА е акредитирана организација која може да испраќа, координира и прима волонтер

Leave a comment