Доколку сакате да бидете дел од едно малку поразлично искуство, а сте љубител на музиката, ЕВС проектот во Белгија е вистинскиот избор за вас.

 

Место: Брисел, Белгија

Организација - домаќин: Muziekpublique 

Времетраење на проектот: 6 месеци - 1 година

Период: јануари 2019 - јануари 2020

Краен рок за аплицирање: 09.09.2018

Опис на проектот:

Најдобар начин да се премости јазот помеѓу студирањето и работата е да се биде дел од едно малку поразлично искуство преку доброволен волонтерски проект. Организацијата Muziekpublique има потреба од волонтер кој би сакал да помине 6 месеци или една година во Брисел. Волонтерот ќе биде член на мал и динамичен тим и ќе биде целосно насочен кон светската музика. Волонтерот ќе научи како да работи со луѓе од многу различни држави и култури. Волонтерот ќе биде вклучен во различни аспекти на организацијата, како што се концерти, координирање на волонтери, односи со јавноста и комуникација.

Muziekpublique има цел да обезбеди платформа за талентирани уметници кои ги пренесуваат музичките култури на целиот свет и да ги дестигматизираат културите преку музика. Исто така, организацијата обезбедува рамка и поддршка за уметниците да можат да ја задржат својата музика популарна и да им дозволат да дејствуваат како интеркултурни медијатори.

Сместување, храна и превоз:

Трошоците за сместувањето, патувањето и осигурувањето ќе бидат надоместени од ЕВС-програмата на Еразмус+: Млади во акција.

Обуки за време на проектот:

По пристигнувањето на волонтерот, организацијата-домаќин ќе му обезбеди ЕВС Инфо-Kit а воедно и ќе го следи целосниот циклус на EVS обука и евалуација на волонтерот. 

Можностите за учење на волонтерот го вклучуваат следното:

- развивање на способноста да се интегрира во мултикултурна средина преку интерактивност

- зголемување на чувството на одговорност и почит кон другите

- зголемување на способноста за организирање на настани

- развивање на способноста да се постигнат поставените цели

- волонтерот ќе има пристап до јазична поддршка.

Профил на волонтерот:

Muziekpublique бара некој од 20 до 30 години, кој има искуство во социокултурниот сектор и интерперсонална културна медијација, културен менаџмент или комуникациски менаџмент и кој е заинтересиран за музиката во светот. Доколку сте мотивирани и би сакале да дадете придонес кон организацијата во подолг период (од 6 месеци до (по можност) една година) ве охрабруваме да се пријавите за овој проект. На организацијата и треба некој кој е проактивен, општествено одговорен и мотивиран, а истовремено е флексибилен да се прилагоди на условите во организацијата. Усното и писмено разбирање на француски, холандски или англиски јазик ќе се сметаат за предност.

Дополнителни информации:

Muziekpublique е организација со седиште во театарот Молиер во средината на Матонге - африканската област во Брисел, што претставува идеална локација за развој на центар за светска култура. Сите култури се вредни и имаат своја фасцинантна традиција во однос на музиката и танцот. Асоцијацијата, исто така, има за цел Африканците да ја запознаат фламанската народна музика, Шпанците да ги почитуваат арапските ритми, Турците не само да одат на турски концерт, туку и да запознаат други стилови на музика, ...

Повеќе информации за организацијата можете да најдете на следниот линк: https://muziekpublique.be/

Начин на аплицирање:

Доколку сте заинтересирани да бидете ЕВС волонтер на овој проект испратете Ваша биографија во pdf формат, како и мотивационо писмо на англиски јазик на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341

Коалиција на младински организации СЕГА е акредитирана организација која може да испраќа, координира и прима волонтери.

 

Leave a comment