Потребни се двајца волонтери за во Piešťany, Словачка во периодот од 01-ви септември 2018 година до 31-ви август 2019 година.

 

Опис на проектот:

Опишување на работната позиција - одговорности на волонтерите:

- да креираат, дизајнираат и подготвуваат материјали за образовните програми за детски градинки и училишта и да учествуваат во нив

- да учествуваат во спасувањето на жаби за време на нивниот период на репродукција

- да соработуваат во подготовката на програмата Летни кампови и да учествуваат во нив како асистенти на водачот на кампот

- да помогне во културните активности во ŽiWell

- организација и осигурување на настани за постари лица

- придружување на стари лица за време на туристички патувања и прошетки

- чистење на областите каде што се одржуваат активностите

- чистење на надворешни површини и одржување игралишта

- грижа за билни градини и работа во градината

- Посета на постари лица во социјалните установи, проследена со дискусија со постарите лица

- помош да се организираат уметнички курсеви

Сместување:

Учесникот ќе биде сместен во еднокреветна или двокреветна соба на станот кој ќе го дели со други млади луѓе. Куќните правила ќе бидат објаснети на учесниците на почетокот на мобилноста.

Храна:

Учесникот ќе добие 150 евра месечно за да ги покрие трошоците за храна. Учесникот ќе добие пари за храна пред 7-миот ден од секој месец додека престојува. Ќе има право на 50% попуст во вегетаријанската кујна на организацијата.

Трошоците за превоз ги поокрива организацијата-домаќин (Obcianske Zdruzenie Kvas).

Обуки во текот на проектот:

Јазичен курс - словачки јазик, 2 часа неделно

На пристигнување и на средина од престојот има обуки за волонтерите, како и други обуки во зависност од желбите на волонтерите.

Профил на волонтерот:

Бараме доброволци кои се: флексибилни, постојани, комуникативни, позитивни, слободоумни, прилагодливи, заинтересирани за еколошки или културни теми, со добри односи со деца и постари лица.

Предности на волонтерите:

Фотографирање - подучување на постарите, како да фотографираат, сликање или работа со глина-уметнички вештини, англиски, шпански - разговори со постарите лица на странски јазици, пеење, свирење на инструмент.

Краен рок за пријавување е 22-ри април 2018 година.

За да аплицирате, пополнете ја оваа форма и пратете ваша биографија и мотивационо писмо на англиски јазик.

Leave a comment