Отворен е ЕВС повик за Карловац, Хрватска за период од 01.10.2018 до 30.09.2019. 

Младинскиот центар во Карловац, Хрватска има потреба од волонтери. Младинскиот центар е место на неформално образование и слободни активности за младите луѓе. Тие организираат различни активности: уметнички и креативни работилници, уметнички изложби, ИТ работилници, часови по странски јазици, социјални и педагошки работилници, информативни активности итн. Волонтерите ќе бидат фокусирани за промовирање на овие активности (преку видеа,графички материјали) како и подготовка и спроведување на работилници за млади луѓе (теми: уметност, младински информации, итн.)

Волонтерите ќе бидат сместени во стан заедно со други волонтери. Станот ќе има три посебни соби, а кујната и бањата ќе се користат заеднички станот е целосно опремен (интернет, кујна, бања, греење, топла вода, мебел, постелнина, садови и сл.). Станот се наоѓа на само 5 мин пешки од младинскиот центар. Секој месец волонтерите ќе добијат пари за храна и дополнителен џепарлак.

Профил на волонтерот

Се бараат млади и креативни луѓе на возраст од 18 – 30 години кои се заинтересирани за младинска работа. Нивото на образование и работно искуство не игра улога, но важно е волонтерите да имаат знаење и искуство за правење видеа и графички дизајн.

Повеќе информации за повикот, организацијата и начинот за аплицирање ќе најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 20.01.2018

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://form.jotformeu.com/70112550622341

 

 

Leave a comment