Отворен е ЕВС повик за Осло, Норвешка за период од 15.08.2018 до 14.08.2019.

Се бараат двајца волонтери за подршка на активностите на организацијата CISV (глобална организација посветена на едукација за мир преку градење на меѓукултурно пријателство, соработка и разбирање) лоцирана во Осло.

Активности на волонтерите:

-        ќе научат повеќе за активностите на CISV Норвешка, како и за непрофитниот сектор

-        административна поддршка на вработените во CISV Норвешка

-        персонален проект (проектите ќе ги прават волонтерите со помош на вработените од CISV)

-        ќе имаат активна улога во организирање на настани на локално и национално ниво

-        ќе водат блог за нивното искуство и моменталните проблеми поврзани со мирот

-        ќе имаат придонес во изработката на магазини и е-весници и останати алатки за комуникација на CISV

-        планирање, водење, евалуација и документирање на групни едукативни сесии поврзани со мир со Националниот Едукативен Комитет на локално и национално ниво

-        активно барање на можности за да се вклучат себеси во локални активности

Волонтерите ќе бидат сместени во стан каде секој волонтер си има посебна соба. Стандардно, работната недела се состои од 37.5 часови. Работните часови се многу флексибилни така што нема потреба од дополнителна работа за време на викендите, Така волонтерите ќе имаат и доволно слободно време за истражување на Норвешка. Волонтерите воглавно ќе работат во канцеларијата во Осло, но ќе имаат и можности да работат и во CISV единиците во другите региони на Норвешка. Во зависност од желбите и флексибилноста на волонтерите овој проект им нуди огромна можност за различни активности. Исто така се обезбедува и месечен додаток.

Апликантите треба да бидат подготвени да превземат иницијатива, да работат самостојно  исто  така и во групи, да покажат креативност снаодливост итн. Пожелно е да имаат искуство во невладина организација, претходно живеење во странство и да покажат интерес за развој на организацијата.

Повеќе информации за повикот, организацијата и начинот за аплицирање ќе најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 01.02.2018

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://form.jotformeu.com/70112550622341

 

 

 

 

 

Leave a comment