Отворен е повик за двајца ЕВС волонтери во Адана, Турција почнувајќи од 15 декември 2017, и истиот трае 6 месеци.

 

Академија за образование и развој (ЕКА) е фокусирана кон проектни активности насочени кон подобрување на  социјалниот развој, истражување , урбан развој, и сензитивни групи во општеството. Во рамки на ЕРАЗМУС + програмата реализира  ЕВС проект кој е насочен  во работата на ЕКА и ќе придонесе да се создаде здрава општествена структура преку обезбедување на информации од страна на ЕВС волонтерите за поттикнување на свеста кај  младите луѓе и општеството во целина за постоење на крвни болести и важноста на донации на крв.

Проектот во целост ќе придонесе кон реализација на :

• Подигнување на свеста за крвни болести,

• Зголемување на свеста за крводарителството,

• Стекнување на нови вештини и знаење кај волонтерите од различни области за време на проектот,

• Обезбедување на активно учество на волонтерите во општествениот живот,

• Можности за поддршка и развој на социјални проекти на самите волонтери,

• Развој на европско ориентирана совест и активното граѓанство,

• Стекнување на самодоверба, независност и искуство кај ЕВС волонтерите

 

Место на реализација на проектот: Адана, Турција

Датум на започнување на проектот:  15.12.2017

Времетраење на проектот:  6 месеци

Краен рок за пријавување: 30.11.2017

 

Земји од кои ќе бидат селектирани ЕВС волонтери: Полска, Македонија, Романија

Број на волонтери: Потребни се 2 волонтери од Македонија

Право на учество имаат кандидати од 18-30 години.

 

Повеќе информации и аплицирање на е-маилот This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.,  

 

 

Leave a comment