Отворен е ЕВС повик за Poitiers, Франција за периодот од 03 септември 2018 до 31 август 2019.

 Потребен е 1 волонтер  за SCS La Blaiserieкојшто ќе му помага на локалното население да се вклучи во настаните коишто ќе се одржуваат во нивното место на живеење, како на пример Божиќни прослави, игранки, заеднички оброци, излети итн.

Задачите на волонтерот се:

-       Организирање и учество во прославите со семејствата во местото кадешто че биде

-       Организирање на настани во населбата кадешто ќе биде сместен

-       Изведба на културни и спортски активности и хоби во слободното време

-       Развивање на алатки за комуникација

Може да бидете сместени сами или во куќа со други ЕВС волонтери. Ќе добиете автобуска карта за сите линии во Poitiers, како и месечен надоместок за храна и џепарлак.

Потребно е да имате познавање на францускиот јазик и возачка дозвола.

Краен рок за пријавување е 11 декември 2017.

Повеќе информации околу повикот, организацијата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликација на следниот линк: 

https://form.jotformeu.com/70112550622341

Leave a comment