Отворен е ЕВС повик за Алби, Франција за периодот од 03 септември 2018 до 30 јуни 2019.

 

Фоналбур кампусот каде што ќе бидат сместени волонтерите се наоѓа на површина од 600 хектари и во него живеат околу 600 средношколци. Основните дејности со кои се занимаат во кампусот се насоќени кон водата, животната средина, пејзажите, агрокултурата и обновливата енергија.

Потребни се 2 волонтери за период од десет месеци.Основните активности на волонтерите ќе бидат за културни и спортски анимации, меѓународна соработка, организирање на европска недела, подучување на вработените и учениците.

Темите на проектот се за Европската Унија, развивање на меѓународни односи и соработка, учење и подучување на странски јазици.

Потребно е да може да комуницирате на англиски или шпански јазик, да сакате да работите со млади, да сте автономни и да може да се адаптирате, како и да раководите со проекти.

Краен рок за пријавување е 30 ноември 2017.

Повеќе информации за проектот може да најдете на следниот линк.

 

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицирате со пополнување на апликацијата на следниот линк.

 

Leave a comment