ЕВС Волонтирање

Фондацијата КАТ објавува повик за волонтери за краткорочен ЕВС во Лезно, Полска

Дали сте некој кој сака спорт, уметност, театар, работа со деца и млади? Акоуживате да споделувате приказни за вашата земја и вашата култура, тогаш можеби вие сте оној што ни треба за проектот „Positive vibes“.

Можност за долгорочно или краткорочно волонтирање во еколошка организација во Бугарија.

Green Voluntary Service е стратешки ЕВС проект на  Green Association со неколку периоди на мобилност.

Краткорочен ЕВС проект „Wider Horizon“ во Холандија

Wider Horizon е краткорочен ЕВС проект кој е организиран од страна на Олде Вехте фондацијата, во Омен, Холандија.

Долгорочен ЕВС проект во ИМКА Глобал во Норвешка

Бараме едно лице од Македонија за ЕВС во Норвешка - 12 месеци почнувајќи од мај 2019 година.

Долгорочен ЕВС проект во ИМКА Аалборг во Данска

YMCA - YWCA Аалборг може има потреба од еден волонтер од септември 2019 до јули 2020, или на пократок рок.

Зошто е корисно да се биде волонтер? Пријавете се!

 

Eвропски Волонтерски Сервис- ЕВС има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу-културно учење, активна социјална партиципација, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа. 

ЕВС им овозможува на младите луѓе да вршат волонтерска служба за период од 12 месеци во земја различна од земјата во која престојуваат.

Целта на Европски Волонтерски Сервис е да се развие солидарност и да се промовира активно граѓанство и взаемно разбирање помеѓу младите луѓе.

Да се биде волонтер не е обврска, тоа е чест.

Да се биде ЕВС волонтер значи и да патуваш, да запознаваш нови луѓе.