Музички хепенинг ИНФО СЕГА+

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА организира музички хепенинг ИНФО СЕГА + во центарот на Прилеп

На 11.05.2011, во сабота, на летната сцена на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп  ќе  се одржи Музички хепенинг ИНФО СЕГА + со почеток во 11.00 часот. Целта на овој настан е промовирање на новата услуга на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, а тоа е ИНФО СЕГА + МЛАДИНСКА КАРТИЧКА СО ПОПУСТИ!!!!

Музички хепенинг „ВКЛУЧЕТЕ НЕ!“

Во четврток,  01 јули 2010 година со почеток од 19:00 h на летната бина на плоштадот  Александрија - Прилеп, Младински Совет Прилеп ќе организира музичкиот настан “ВКЛУЧЕТЕ НЕ!“.

Овој настан е дел од промотивната кампања на проектот “Информирани – Мотивирани - ВКЛУЧЕНИ!“ кој се имплементира во општините Прилеп и Кавадарци. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и политики на локално ниво.

 

На настанот ќе настапат млади музички групи од  општина Прилеп.

Музички хепенинг „ИНФО СЕГА“

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп во саботата на 05 јуни 2010 година на плоштадот Александија во периодот од 11:00-14:00h организираше музички хепенинг под мотото ИНФО СЕГА кој беше најавен во првите ИНФО ДЕНОВИ кои беа организирани во средните училишта. Целта на настанот е промовирање на центарот и запознавање на младите со услугите кои што ги нуди истиот.