Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!

Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА! (17)

Одржани креативни работилници со млади во рамките на националната кампања „Право на младинско информирање–Информирај се СЕГА!“

На 23 декември, 2015 година Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА во Прилеп и Кавадарци одржаа креативни работилници со млади за изработка на новогодишни орнаменти и украси.

Младински организации кои се вклучуваат во националната кампања "Право на младинско информирање- Информирај се СЕГА"

 

Младински организации кои се вклучуваат во националната кампања "Право на младинско информирање- Информирај се СЕГА"

Почеток на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“

Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.

Опис на активностите на националната кампања „Право на младинско информирање– Информирај се СЕГА!“

Активности во месец февруари

Со оглед на тоа дека кампањата е започната во месец Декември, месец Февруари ќе вклучи активности со кои младите ќе се охрабрат да учествуваат во процесот на обезбедување полесен пристап до информации и споделување на информации. Темите и активностите во овој месец имаат ќе се насочат кон собирање на информации кои понатаму ќе бидат документирани и споделени.

Вовед и цели на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!“

  

Вовед

Почитувањето на демократијата, човековите права и основните слободиго подразбира и правото сите млади луѓе да имаат пристап до комплетни, објективни, разбирливи и сигурни информации за сите нивни прашања и потреби. Ова право на информирање е признато со Универзалната декларација за човекови права, Конценцијата за правата на детето, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, и препорака N ° 7 (90) and CM / препорака 8 (2010) младинско информирање, и Белата книга за млади на Европската комисија (2001). "Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!"  е национална капања што е имплементирана од Младинските информативни центри во Прилеп и Кавадарци со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, членови нa СЕГА и младински организации низ Македонија. Кампањата има за цел да им го приближи правото на младите луѓе да поставуваат прашања и да добиваат информации од оние што се овластени да одлучуваат.