Спорт (32)

Четворица прилепчани за 19 часа се искачија со трчање на 23 врвови на Баба повисоки од 2.000 метри

Прилепчанецот Александар Стојкоски, придружуван од уште други 3 прилепчани, Александар Еленин, Филип Туманоски и Антонио Каранфилоски направија неверојатен потфат во планинското трчање во Македонија искачувајќи се на 23 врвови на Баба планина повисоки од 2.000 метри за само 19 часа, притоа поминувајќи 85 км. Целата дестинација ја трчал Стојкоски, чија што била и првичната идеја за овој проект насловен како „Баба 2К“, додека другите трчале само делови од рутата. Подготовките траеле околу 3 недели, a дел од рутата се трчалa и ноќе.

ЏК „Сеишин“ освои 19 медали на меѓународниот турнир „Прилеп Опен 2018“

Клубот СЕИШИН  зеде учество на Меѓународниот Турнир „Прилеп Опен-2018“ во организација на Џудо Клубот Пролетер Прилеп. На овој Турнир СЕИШИН учествуваше со 21 натпреварувач а освоени беа вкупно 19 медали (5 златни, 6 сребрени и 8 бронзени).

Прилепчани во недела ќе имаат можност да погледнат жесток дерби натпревар

Во недела на 21 Октомври со почеток во 10,30 часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, најдобрите пингпонгарски екипи во Прилеп, ќе го одиграат петтото и шестото коло од првенството на Македонија во пинг-понг.

Нов, надежен почеток за стадионот во Прилеп

Фудбалот без стадион не може и затоа радува секоја активност во врска со реновирањето на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Победа дел од прволигашкото првенство

Eкипата на Победа трета година во серија ќе биде дел од прволигашкото првенство во фудбал, што секако претставува успех бидејќи се само 10 тима.

Кожуф изненадувачки ја совлада Победа, прилепчани во потрага по напаѓач

Фудбалерите на прилепска Победа, вчера попладне во пријателски натпревар во Гевгелија, загубија од второлигашот Кожуф со 3-1 (2-1).

Победа го победи домашниот ривал во Разлог

Екипата на Победа цела недела е во Банско, Бугарија на втората фаза од подготовките. Покрај секојдневни тренинзи, има и тест-натпревари.

Спортско воздухопловство: Светски куп во дрнови

Неуморен е клубот Фил феникс, предводен од директорот Здравко Тодороски. Успешно, вторпат, го организираа Светскиот куп во летање, управување квадрокоптери (дронови).