Во тек е единаесеттата интеркултурна размена во Детското Село Песталоци - Троген, Швајцарија, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

 

Досега на интеркултурна размена во Троген учествуваа 400 деца од 20 училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово, Куманово, Штип и Кавадарци. На оваа размена, која ќе трае до 26 јануари 2016 година, учествуваат 24 деца од училиштето СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола и 16 деца од училиштето СОУ„Д-р Ибрахим Темо“ - Струга, заедно со 5 супервизори и 1 координатор.

За време на размената преку интензивна и интерактивна обука учесниците имаат можност да ги надоградат своите знаења првенствено во областа на антидискриминација, но и детски права и интеркултурна комуникација. Групата од Македонија има можност да разменува искуства со врсници од Белорусија.

 

 

Покрај секојдневните интерактивни активности, учениците  имаат можност да посетат и повеќе знаменитости од преубавата Швајцарија.Овој викенд го посетија Цирих и Водопадите на реката Рајна и природно-научниот музеј, а наредниот викенд се во посета на Луцерн и планината Сантис.

Leave a comment