На 19.11.2015 година со почеток од 11.00 часот, во просториите на Младински Информативен центар ИНФО СЕГА се одржа Информативна средба со ученици од СОУ Орде Чопела.

 

11 ученици кои учат за техничари за агроменаџмент заедно со нивниот професор по практична настава беа запознати со организационата структура на НВО, начинот на регистрација на НВО, целта на постоењето на граѓанските здруженија, целите, задачите и активностите на Младинскиот информативен центар ИНФО СЕГА.

На средбата беше промовирана и ЕВС програмата од страна на француски волонтер Клемент Алмеро од Младински Совет Прилеп,  кој сподели добро искуство со учениците и ги презентираше основните услови за учество во програмата.

 

ИНФО СЕГА ќе продолжи во иднина со активности од ваков вид.

Leave a comment