По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА денеска, спроведе инфо ден во ОУ „ Климент Охридски“ со цел информирање и запознавање на децата со нивните права.

 

Во периодот од 05 до 10 Октомври ќе се реализираат повеќе локални акции создадени од четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци. Овие деца беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација.

 

Локалните акции се организираат во состав на кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“ кој го имплементираат во партнерство, Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција и против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.

Leave a comment